(Видео) Имаш убава кожа, рекол докторот и добил ќотек со потрес на мозок – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/21 5:30 PM

(Видео) Имаш убава кожа, рекол докторот и добил ќотек со потрес на мозок

Таџикистанецот Бахридин Азимов го претепал дерматологот Владимир Жирноклев кој, иронично или не, ја допирал неговата сопруга по телото додека ја прегледувал во Нижјевартовск во Сибир.

Азимов чекал пред амбулантата кога излегла неговата сопруга во хиџаб и му рекла дека докторот при пргледот и рекол дека има преубава кожа, пренесоа руските медиуми.

Азимов побеснел и влегол во ординацијата удирајќи го неколку пати докторот по главата и телото. Жирноклев добил потрес на мозокот и вечерта морал да ја помине во болница на специјалистички прегледи.

Пациентката и рекла на полицијата дека доктор Владимир и рекол да ги покаже лактите, стомакот и грбот затоа што тоа биле местата на кои се жалела во врска со својата кожа. Сопругата на Азимов истакнала дека докторот не и рекол да се соблече, туку бил љубезен и на крајот од прегледот од учтивост и рекол дека има негувана и преубава кожа.

Бидејќи се му кажувала на сопругот, пациентката го спомнала и комплиментот кој ја предизвикал нервозата кај Азимов.

– Докторот ја премина границата која се подразбира во нашите муслимански закони. Комплименти не признаваат нашите принципи – рекол приведениот Таџикистанец.

Лекарот истакна дека комплиментот бил во контекст на прегледот.

– Муслиманите мора да одлучат што прифаќаат, а што не по мирен и конструктивен пат. Влегување во ординација, напад на лекар и рушење се пред себе е дивење и неморално однесување – рече доктор Жирноклев.

https://www.youtube.com/watch?v=wBPutBofCyc

 

Извор: Espreso.rs