Од едно до три деца, па сега го забранува абортусот – Кина на сите начини се обидува да го поттикне наталитетот – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/21 10:33 AM

Од едно до три деца, па сега го забранува абортусот – Кина на сите начини се обидува да го поттикне наталитетот

По политиката на едно дете и политиката на поттикнување на жените да раѓаат, Кина сега одлучи за нова стратегија – ограничување на абортусот.

Кинеските власти најавија дека ќе го намалат бројот на „немедицински“ абортуси со цел да го подобрат репродуктивното здравје на жените.

Кина веќе има строги мерки за забрана на селективен абортус, на кој претходно се прибегнуваа за да се избегне женско дете, а здравствените власти предупредија во 2018 година дека абортусот има штетно влијание врз женското тело и го зголемува ризикот од неплодност.

Државниот совет сега објави нови упатства насочени кон подобрување на здравјето на жените и пристап до здравствени услуги.

Податоците од Националната здравствена комисија покажуваат дека помеѓу 2014 и 2018 година, во просек имало околу 9,7 милиони абортуси годишно, што претставува зголемување од 51 отсто во споредба со 2009-2013 година, и покрај релаксирањето на политиката за планирање на деца воведена во 2015 година. комисијата не наведе колку абортуси се извршени од медицински причини.

Иако Кина се уште е најнаселена земја, најновиот попис покажа дека растот на населението нагло забави и беше на најниско ниво од 1950 -тите години во периодот од 2011 до 2020 година. За да бидат работите уште полоши, се очекува дополнително да се забави во наредните години. Помалку луѓе значат помалку работна сила за економија која е една од најсилните во светот.

По неколку години обид да го забават растот на населението, Пекинг сега се обидува да ги охрабри семејствата да имаат повеќе деца. Во јуни, на двојките им е дозволено да имаат три деца, наместо две. Планот е да се намали финансискиот товар за одгледување деца, само што тој план се уште не е претставен.

Преземено од: https://www.kurir.rs/