Желка на пистата на вториот најфрекфентен аеродром во Јапонија го одложи полетувањето на пет авиони, пренесува Би -Би -Си. Желката, тешка нешто повеќе од два килограми, беше забележана како полека се движи по асфалтот на меѓународниот аеродром Нарита во близина на Токио во петокот наутро, што го натерала пилотот кој се подготвувал да полета да контактира со контролата на летање.
Персоналот на аеродромот го отстранил животното со мрежа и проверил дали има други страни објекти на пистата долга 4.000 метри, што предизвикало 15 минути одложување на пет летови.
Ова се авионите на јапонската авиокомпанија АНА, чиј труп е украсен со светло и темно сини слики на морски желки, декорација што дебитираше во јули минатата година за да го прослави започнувањето на услугата на превозникот на Хаваи, каде што овие животни се сметаат за свети.
„Се смета дека морските желки носат среќа на Хаваите, и се надеваме дека оваа желка што дојде да го испрати летот сигнализира светла иднина“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
Преземено од: http://www.rtv.rs/