Марија Шерифовиќ и Ана Бекута дојдоа на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ со нови автомобили!
Евровизиската ѕвезда се почестила со џип БМВ Х5 М кој чини дури 100.000 евра, а нејзината колешка од жирито на популарниот музички натпревар вози „Шкода Карок“ од 25.000 евра, што и го подари нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ.
– Марија обожава скапи и луксузни автомобили, па се случуваше буквално целата заштеда да ја потроши на нови автомобили. Бидејќи со автомобилот оди на повеќето тезги, пред крајот на летото одлучи да купи нов џип – купи БМВ Х5 М за 100.000 евра – вели извор близок до пејачката и додава дека мајката Верица се обидела да ја убеди да не троши толку пари за автомобили:
– Кога Верица слушна дека Марија ќе даде 100.000 евра за автомобилот, рече дека е подобро да купи друг стан во Белград за тие пари! Марија не сакаше да се откаже, рече дека автомобилот е друга куќа за неа бидејќи често патува и дека сигурно ќе го купи џипот што го меркала цело лето.
Како што открива соговорник, мајката и ќерката дури и се скарале поради тоа.
– Залудно, Верица и повторуваше на Марија да престане да купува скапи автомобили бидејќи и украле два автомобила порано – „Туарег 3.0 ТДИ“ и БМВ 325и! Марија извика дека не и се меша и дека тоа се нејзините пари!
Покрај тоа што купи нов автомобил, Марија одлучи и да ангажира возач, кој ја возеше на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.
– Порано се случуваше Марија да доцни на снимање, но бидејќи има возач, секаде пристигнува на време. Еве, минатата недела пристигна прва и веднаш ги покани сите членови на жирито да побрзаат – рекол соговорникот.
Истиот ден, колешката на Марија, Ана Бекута дојде на снимање со нов автомобил, „шкода карок“ кој го доби од нејзиниот партнер Мрка.
– Мрка постојано ја возеше Ана на снимање, но бидејќи неговата здравствена состојба не е најдобра во последно време, лекарите го советуваа да се одмори што е можно повеќе. Затоа одлучи да и подари шкода од 25.000 евра. Така Ана сега вози сама и воопшто не и е тешко. Најважно за неа е нејзиниот Мрка да биде добро – ја завршува приказната извор близок до пејачката.
Судејќи според автомобилот што го вози, Ѓорѓе Давид е „најскромниот“ член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“. Пред новата сезона на натпреварувањето, тој се почестил со половен „Опел Инсигнија Караван“ од 10.000 евра.
Извор: Информер.рс
Фото: Марко Ѓоковиќ/Информер