Едвај чекам да ме запроси Роналдо – Џорџина на Нетфликс отворено за животот со фудбалската ѕвезда – ММС
ММС

Објавено на: 09/27/21 10:00 PM

Едвај чекам да ме запроси Роналдо – Џорџина на Нетфликс отворено за животот со фудбалската ѕвезда

Свршеницата на Кристијано Роналдо, згодната Џорџина во својот нов документарен филм на стриминг сервисот Нетфликс откри бројни детали од врската со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Аргентинката Џорџина Родригез (27) го сними документарецот „Јас сум Џорџина“ во кој откри дека едвај чека Кристијано (36) да и го постави судбоносното прашање.

– Тоа не зависи од мене, но би сакала. Мојата реалност набрзо на Нетфликс. Едвај чекам да ја видите, возбудена сум – напиша во најавата за своето прво телевизиско шоу.

Џорџина и Роналдо ја имаат тригодишната ќерка Алана Мартина, а заедно се грижат за неговите деца Кристијано (11), Матеа (4) и Ева Марија (4).

Документарецот ќе се концентрира на нејзиниот живот и љубовната приказна, односно како Роналдо се заљубил во младата продавачка.

 

Извор: 24sata.hr

Фото: Инстаграм