За време на погребот на Тереза Вард во округот Голвеј во Ирска избила масовна тепачка во која две жени и пет мажи биле тешко повредени.
Како што пренесуваат британските медиуми, ожалостените без причина биле нападнати на гробиштата, а во еден момент ковчегот на покојната паднал на земја затоа што луѓето кои го носеле морале да се бранат.
Погребот на Тереза Вард бил закажан за друг ден, но во последен момент поместен и дошло до преклопување на уште два погреби. Полицијата била во состобја на приправност од раните утрински часови, но одеднаш група мажи ја нападнала погребната поворка.
До инцидентот дошло поради освета на две ривалски семејства во тој округ која ескалирала во последните два месеци и не била поврзана со семејствата на покојната.
Очевидци рекле дека нападот траел 20 минути, а свештеникот цело време се обидувал да ја смири ситуацијата. Еден очевидец додал дека во рок од неколку секунди видел жени кои вриштат и деца кои плачат.
– Беше вознемирувачко да се гледаат децата како бегаат со рози во рацете кои ги носеле за својата баба – додал очевидец.
https://www.youtube.com/watch?v=ngxM6PjtHrU
извор: Mondo