Избори во Германија: Социјалдемократите во благо водство пред Демохристијанската унија – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/21 9:25 PM

Избори во Германија: Социјалдемократите во благо водство пред Демохристијанската унија

По првите резултати на основа на преброените гласови, демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија СДП се изедначени со благ тренд во корист на СПД, а двете партии се сметаат повикани да состават нова влада.

Во резултатите на ТВ станицата „АРД“ на основа на првично преброените гласови, Унијата и СПД се речиси изедначени. СПД има 25,2 отсто, а ЦДУ/ЦСУ 24,6 отсто.

Во прогнозите на јавниот сервис „ЗДФ“, СПД со 25,6 отсто е во благо водство пред Унијата со 24,4 отсто.

„Ние остваривме добар резултат на изборите и тоа е поради гласачите на СПД“ – вели социјалдемократскиот кандидат Олаф Шолц. Тој изрази и задоволство што СПД остварил подобар резултат од очекуваниот и ги подобрил своите позиции во споредба со минатите избори, за 4,4 отсто.

Кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ Армин Лашет и покрај изгубените гласови во однос на претходните избори, сепак најави составување влада под водство на демохристијаните. Лашет најави дека тежнее кон коалиција со либералите и зелените.

 

 

извор:Н1
фото:нтв.де