Големи „журки“ ширум земјата ги одбележаа укинувањето на мерките против коронавирусот во Норвешка. Брзата помош повеќепати интервенирала поради труења со алкохол, тепачки и инциденти во мноштво градови.
https://twitter.com/Suzy1776_/status/1442013967124078602
Во градот Трондхајм неколку луѓе се онесвестиле чекајќи во долгите редови за влез во ноќните клубови. Полицијата морала да интервенира поради тепачки, од кои Норвежаните излегле со неколку повреди.
„Имаше прекршоци, насилни инциденти и тепачки“ – изјавил Руне Хекелстранд припадник на полицијата во Осло.
Поради поседување оружје уапсени се неколку лица, а неколку се и сериозно повредени.
Во градот Тонсберг, јужно од главниот град, избила масовна тепачка, а во југозападната регија Агдер уапсени се 12 лица поради предизвикување немири.
Новрешка во саботата ги укина рестриктивните мерки против коронавирусот. Укината е неопходната физичка дистанца, а и ограничувањето за луѓе кои можат да присуствуваат на настаните ширум земјата.
Карантин во случај на зараза со коронавирусот се уште е задолжителен, а постепено се менуваат правилата за влез во земјата.
Во Норвешка 76 отсто од населението има примено најмалку една доза на вакцина против ковид, а 67 отсто се ревакцинирани.
извор:нова