Швајцарците на референдум со категорично „да“ за истополовите бракови и можноста тие да посвојат дете – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/21 6:07 PM

Швајцарците на референдум со категорично „да“ за истополовите бракови и можноста тие да посвојат дете

Швајцарците рекоа категорично „да“ за истополовите бракови и можноста ваквите парови да посвојуваат деца, што е голем пораз за противниците кои ваквиот закон го претставуваа како закана за благосостојбата на детето.

Според швајцарската федерална канцеларија  64,1 отсто од гласачите на националниот референдум, спроведен под швајцарскиот систем за директна демократија, гласале „за“ истополови бракови.

Можната победа на поборниците за истополови бракови не е изненадувачка, но сепак е нејзиниот размер, имајќи ги предвид противниците и шокантните изборни плакати кои ги користеле пред крај на кампањата.

Хомосексуалните партнери во Швајцарија формално можат да влезат во животно партнерство од 2007 година, но со новите измени ќе имаат нови права. Едно од нив е и можноста заедно да посвојат дете, а на женските парови ќе им биде дозволено да добијат дете со донација од сперма, што досега беше легално само за хетеросексуалните парови.

Предлогот исто така ќе им го олесни пристапот до швајцарско државјанство на странците кои преку своите сопружници сакаат да добијат државјанство.

Во последните 20 години најголем дел од земјите во Запасна Европа ги признаа истополовите бракови.

 

извор:би-би-си