Исланд стана првата држава во Европа која во парламентот ќе има повеќе жени отколку мажи, по парламентарните избори кои ја доведоа во прашање иднината на владеачката лево-десничарска коалиција.
Исланѓаните избраа 33 жени во парламентот, девет повеќе од претходните локални избори, а според мартскиот извештај на Светскиот економски форум, Исланд е 12. година по ред земја со најголема родова рамноправност во светот.
Само три други држави – Руанда, Куба и Никарагва имаат повеќе жени во парламентот, додека Мексико и Обединетите Арапски Емирати имаат еднаков број на мажи и жени во парламентот.
Во Европа, пак, Шведска и Финска имаат 47 и 46 отсто жени во парламентот.
Анкетите на јавното мислење во Исланд предвидуваа дека коалицијата ќе го изгуби мнозинството, но тоа беше спречено со порастот на поддршката на десноцентристичката напредна партија која освои пет места повеќе отколку во 2017 година, со што владеачката коалиција освои 37 места во парламентот.
Актуелната влада која ја сочинуваат Лево-зеленото движење на премиерот Катрин Јакобсдотир, конзервативната Партија на независноста и Прогресивната партија, пред изборите изјавија дека ќе преговараат за продолжување на соработката доколку го задржат мнозинството.
извор:индекс