Приведен скопјанец – Полицијата го затекнала додека ограбувал аптека – ММС
ММС

Објавено на: 09/26/21 12:12 PM

Приведен скопјанец – Полицијата го затекнала додека ограбувал аптека

Дваесет и пет годишен скопјанец синоќа бил приведен откако  полициски службеници го затекнале при ограбување аптека.

–  Ноќва (26.09.2021) во 00.15 часот на ул.„11 Октомври” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Х.(25) од Скопје, кој бил затекнат од полициски службеници при извршување „тешка кражба” во аптека.Тој бил приведен во полициска станица и од него бил одземен предметот кој го употребил при извршување на делото, наведуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.