Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, порача Ахмети – ММС
ММС

Објавено на: 09/25/21 3:12 PM

Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, порача Ахмети

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети заедно со неговото семејство ги пречека денес во неговиот дом попишувачите кои го реализираа процесот на нивното попишување.

Пописот завршува на 30 Септември. При оваа прилика, претседателот на ДУИ Али Ахмети уште еднаш упати апел до сите граѓани да се попишат.

-Денес бев домаќим на попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство, напиша Ахмети на Фејсбук.

Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат.

Дијаспората треба да се попишува онлајн на следниот линк:

https://popis2021.stat.gov.mk/