Пет магични градчиња во Европа кои ќе ве освојат со својата убавина – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/18 2:30 PM

Пет магични градчиња во Европа кои ќе ве освојат со својата убавина

Постојат места во Европа кои не се толку познати на светската туристичка сцена а вредни се за внимание поради својата посебност, автентичност и магична убавина.

БЕЛАЏО – ИТАЛИЈА
Во Ламбардија, на езерото Комо кое изгледа како море се наоѓа живописното местенце богато со историја, Белаџо. Ќе уживате јадејќи „џелато“ и шетајќи по скалилата, или пак низ тесните улички сместени во ова преубаво место, а може да ја посетите и базиликата Сан Џакомо од романтичниот период или Музејот на навигациски инструменти.


Во градот но и околината има многу вили со преубави дворови а некои од нив се отворени за јавноста како вилата Сербелони. Ако патот ве однесе во Белаџо за време на локалната прослава, пробајте го нивниот свечен колач кој се вика „миаска“ а се прави од пченкарно брашно и сушено овошје.

РЕИНЕ – НОРВЕШКА
Ова мало автентично рибарско село ќе ви го одземе здивот со својата убавина сместена на магичниот север. Природата на островите Лофотен кои вам ќе ви овозможат бројни можности за уживање во преубавата Скандинавија во склоп со вашите афинитети и начин кој преферирате. Може да пробате возење со траект, пешачење или возење со кајак. Во периодот од септември до април, ако нема невремиња, Реине е идеално место да присуствувате на спектакуларната северна светлина т.н Аурора Бореалис.


ТУН – ШВАЈЦАРИЈА
Градот кој се наоѓа покрај истоименото езеро ќе ве освои со неговата преубава природа, а на врвот на брдото a над стариот град се наоѓа бајковито убавиот замок од 12 -от век со историски музеј. Ако тоа не е доволно да ве освои, градот вам ќе ви даде можност да уживате во преубавиот поглед кон Алпите. Ова преубаво место во Бернската кантона има градска сала од 16 – от век. Шлагот на тортата ќе биде ако присуствувате на фудбалски или хокеарски натпревар на мраз, а црешата на шлагот би бил излет со брод.


БАЈБУРИ – АНГЛИЈА
Запознајте ја вистинската Англија, откривајќи го ова преубаво селце  во југозападниот дел на Англија. Во селото се наоѓа преубава, стара, саксонска црква Света Мери. Во ова преубаво село може да видите куќа од 17 -от век, камени колиби со боја на мед , со стрмни кровови. Најголемата зграда е зградата на судот, изградена во 1633 -та година.


Арлингтоновата колиба датира од 1830 -та година кога монасите ја користеле за складирање волна. Селото се наоѓа покрај реката Колн и често е користено како филмска локација за снимање серии, токму тука снимени се филмовите „Stardust“ и „Bridget Jones’s Diary“. Првиот клуб во светот за коњски трки, The Biburry Club  е основан токму тука во далечната 1681 година.

МОСТАР, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Преку реката Неретва во Херцеговина во Мостар плени со својата убавина Стариот мост, кој е пример на отоманската архитектура од 16 -от век. И самиот град Мостар го добил името по мостарите, чуварите на Стариот мост од средниот век. Постарите генерации се сеќаваат на ТВ програмата во која можеме да уживаме во пренос на атлетски скокови од мостот.

Мостот е изграден во 1566 по наредба на силтанот Сулејман Величенствениот. Преубавиот камен мост се наоѓа на листата на Унеско. Мостар е богат со културни институции како што е Куќата на Алекса Шантиќ, Луткарско позориште и Музејот на Херцеговина. Немој да пропуштите да пробате нешто од босанската куја која е прекрасен спој на балканска, ориентална и медитеранска кујна.