Рецепт на денот: Печена пченка на скара со прелив – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/18 12:54 PM

Рецепт на денот: Печена пченка на скара со прелив

Полека се гледа крајот на сезоната на пченката, за љубителите на овој зеленчук еден интересен и брз рецепт за кој ви се потребни 15 минути, а ви гарантираме вкусен оброк.

СОСТОЈКИ:
6  парчиња пченка
2 лажички чили сос
50 гр путер
2 лажички кромид во прав
1 дл сок од лимон
лажица магдонос
бибер и сол
мајонез по желба

ПОДГОТОВКА:
На малку загреан оган растопете го путерот. Во друг сад измешајте го чили сосот, растопениот путер, кромидот во прав и додадете го сокот од лимон. Измешајте го тоа убаво и додадете сол и бибер. Исто така во смесата може да додадете и рендано сирење и парчиња сланина, но во тој случај не додавајте сол.

Пченката намачкајте ја со смесата, а потоа запечете ја на скара 10 -на минути. Вртете ја се додека не добие боја и на неколку пати налевајте од смесата. Кога пченката ќе биде готова, прелијте ја со остатокот од смесата и наросете магдонос. На пченката може да додадете и малку мајонез дококу имате желба.