(ВИДЕО) Три потези за моментално ослободување од болката и вкочанетоста во вратот – ММС
ММС

Објавено на: 09/24/21 7:39 PM

(ВИДЕО) Три потези за моментално ослободување од болката и вкочанетоста во вратот

Хроничното држење на главата на напред е една од последиците од модерниот, седечки начин на живот. Оваа позиција на главата создава огромен притисок врз мускулите на вратот и негативно влијае на целокупното држење на телото.

Поради неприродната положба на главата напред, предните мускули на вратот се слаби, а задните мускули се скратуваат и се стегаат. Почитуваниот хиропрактичар др. Алан Мандел од Флорида дизајнираше серија едноставни вежби што можеме да ги искористиме за да си помогнеме, да ја ублажиме болката, вкочанетоста и да го подобриме квалитетот на животот.

Хроничното држење на главата напред влијае на голем број мускули во вратот и предизвикува нивно грчење, ослабување и иритација. Оваа техника е дизајнирана да ги ослободи тие длабоко стегнати мускули и обезбедува моментално олеснување, објасни др. Мандел во описот на видеото во кое ја прикажа изведбата на оваа техника која се состои од три чекори и трае вкупно 30 секунди.

Техника за ослободување од напнатост на вратот во три чекори:

  1. Ставете ја десната рака на левата страна на клучната коска и истегнете ја левата страна на вратот пет секунди, навалувајќи го вратот надесно. Опуштете се. Потоа ставете ја левата рака на десната страна на клучната коска и истегнете ја десната страна на вратот пет секунди, навалувајќи го вратот налево. Опуштете се.
  2. Преплетете ги прстите на задниот дел од вратот и турнете ја главата назад десет секунди, држејќи ја исправена, односно без да ја кревате или спуштате брадата. Додека го правите ова, ќе имате чувство на влечење на почетокот на черепот, како и контракција на мускулите на предниот дел на вратот. Опуштете се.
  3. Ставете ги рацете на вратот, веднаш под черепот и подигнете го черепот со рацете и турнете ја главата назад со малку подигната брадата. Држете ја таа позиција десет секунди. Опуштете се.

Според д -р Мандел, по првото изведување на оваа вежба, ќе почувствувате значително подобрување, вратот ќе ви биде поподвижен, а мускулите поопуштени и слободни.

Оваа вежба можете да ја изведувате секогаш кога ќе почувствувате потреба, но резултатите треба да ги почувствувате за 30 секунди, вели хиропрактикот.

Извор: Еспресо.ко.рс