Најмалку три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа што се случила доцна синоќа во југоисточниот дел на Полска. Од засега непознати причини воизлото паднало во провалија, по што неколкупати се превртувало. Повредените лица веднаш биле префрлени во најблиската болница. Еден од повредените според информации од болницата се наоѓа во критична состојба.
Според информациите на тамошните медиуми превезувал украински туристи од Лавов кон Виена.