Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/21 10:50 AM

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Науката успешно искористи вештачка интелигенција за да создаде нов третман со лекови за деца со смртоносен рак на мозокот. Се работи за заболување кое повеќе од 50 години нема напредок во однос на преживувањето на пациентите.

– Употребата на вештачка интелигенција ветува револуционерен ефект врз откривањето лекови, изјави проф. Кристијан Хелин, главен извршен директор на Институтот за истражување на ракот во Лондон, каде што тим научници, лекари и информатичари, со помош на здравствените власти дошле до ова откритие.

Пробивот опишан во списанието „Канцер дискавери” (Cancer Discovery) може да значи „возбудлива нова ера” во која вештачката интелигенција ќе може да се користи за осмислување и развој на нови третмани за рак, велат научниците.

– Во ова истражување, употребата на вештачка интелигенција идентификуваше комбинација на лекови што се чини дека за во иднина ветува третман за деца со неизлечив рак на мозокот. Возбудливо е да се замисли дека ова може да стане еден од првите примери на третмани што ги нуди вештачката интелигенција, а кои ќе бидат од корист за пациентите, рече проф. Хелин.

Компјутерски стручњаци и доктори од и Институтот, со помош на вештачка интелигенција, откриле дека комбинирањето на лекот „Еверолимус” со Вандетаниб” може да третира дифузен внатрешен понтински глиом (ДИПГ), редок и брзоразвивачки тумор на мозокот кај децата. Во мигов, тој и други слични тумори се екстремно тешки за отстранување кај децата, бидејќи се дифузни, што значи дека немаат добро дефинирани граници погодни за операција.

– Нашиот труд покажува колку вештачката интелигенција може да придонесе за откривање лекови за рак, каков што е ДИПГ, нудејќи нови комбинации што не би биле видливи за луѓето, смета Крис Џонс, професор по биологија и стручњак за мозочни тумори.

МИА

фото: bernardmarr.com