Комерцијална објава
„Алкалоид“ оваа година го одбележува 85 годишниот јубилеј. Одбележувањето го започна до промовирање на хуманитарниот видоспот од антологиската „Чукни во дрво“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, во изведба на дечињата од Проектот „Дајте музика“, при што за секој преглед на дигиталните канали, од 10 јуни до 20 септември, компанијата назначи дека ќе ѝ донира по еден денар на Универзитетската клиника за детски болести.
„Јубилеите вообичаено ги одбележувавме во поширок состав, бидејќи „Алкалоид“ е компанија за сите! Приликите за овој јубилеј ни наложија друг формат, па се одлучивме нашето минато и нашата сегашност да ги отвориме за сите! Цела година собиравме драги спомени и на простор од околу 300 м2 ги спакувавме најзначајните моменти од нашата и ваша историја“, истакна генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов.
Преку преглед на видеото на јутјуб копманијата собра 4.099.448 денари кои ќе ги донира на Клиниката за детски болести во Скопје.
„Со овој видеоспот дечињата пренесоа пораки на благодарност, оптимизам и емпатија до најзасегнатите општествени категории на граѓани со пандемијата. За сета позитивна енергија и добри мисли, споделени со прегледите на ова видео, одлучивме да донираме наместо еден, по два денари од преглед или износ од 4.099.448 денари на Клиниката за детски болести во Скопје“, рече Мукаетов.
Симболичниот чек децата актери од Проектот „Дајте музика“ ѝ го врачија на проф. д-р Аспазија Софијанова, која истакна дека здравјето е пред се и дека овој чин значи многу за најсензитивните, а тоа се децата.
„Сензитивноста во лекување на децата претстави еден голем чекор напред во однос на ова што го правите денес. Сакам искрено да ви се заблагодарам затоа што во овој тежок период она што го покажавте е здравјето пред сѐ. Здравјето на оние коишто се највулнерабилни, најсензитивни и значат вистинска иднина“, истакна Д-р Софијанова.
„Алкалоид“ промотивно прикажа уште едно свое јубилејно видео, за кое се користени стари, автентични филмски кадри за фабриката од 1950 и 1962 година, споени со модерни процеси, кои денес се изведуваат во производствените погони на компанијата. Паралелата меѓу минатото и сегашноста е заокружена со маестралната графика специјално изготвена за алкалоидовиот јубилеј, чиј автор е познатиот македонски уметник Михаил Корубин. Во потрага по безвременски мотив, перцепцијата на овој наш голем уметник се заштитата и моќта, кои се претставени преку човечките раце, и сонцето, кое ја симболизира животната сила, каде што е сместено логото на „Алкалоид“.
Ретроспективната изложба ќе биде отворена од денеска до 12 октомври за целата македонска јавност.
Првиот филм за „Алкалоид“ од 1950 година, најстарото кутиче и оригиналното одобрение за производство на лекот „Кафетин“; првите пакувања „Бекутан“, најстарите индустриски машини и голем број други компаниски експонати се поставени во изложбената поставка во Музејот на Град Скопје по повод 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“.