Бијонсе и Џеј Зи моментално се на одмор во Европа. По Италија, тие отидоа во Франција со својата луксузна јахта и го посетија Азурниот брег, каде што ги снимија папараците на српски „Курир“. Фотографирани се при пристигнување во ресторан во строгиот центар на Ница, во близина на познатото шеталиште, кога излегуваа на вечера.
По тој повод, Бијонсе блеснала во црн мини фустан, а пред неа бил нејзиниот сопруг во кошула со црна основа и цветен дезен. Цело време биле придружувани од двајца телохранители, кои не се одделиле од нив ниту секунда, дури ни кога влегле во затворениот дел од ресторанот, кој бил резервиран само за нив.
Останатите гости на ресторанот на почетокот не можеле да поверуваат дека славниот пар поминува покрај нив, па веднаш сите ги зеле телефоните и почнале да ги сликаат, што не им пречело.
Патем, брачната двојка го поминува поголемиот дел од времето на својата јахта, а раните утра и вечери се резервирани за шопинг, прошетки и вечери.
Преземено од: https://www.kurir.rs/