Женското министерство заменето со машко: Талибанците со нова институција за „пороци и доблести“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/21 4:33 PM

Женското министерство заменето со машко: Талибанците со нова институција за „пороци и доблести“

Талибанската влада во Авганистан денеска го укина Министерството за жени и воведе целосно машко „Министерство за пороци и доблести“.

Задачата на новото Министерство е да наметне ригидно толкување на исламот, и овој потег е последен во низата потези со кои се  враќа  строгото толкување на исламот кое Талибанците го применуваа од 1990 -тите, со големи ограничувања за жените, пишува АП.

Сепак, не е соопштено дали се планира ново министерство за жени. Исто така, од терен е испратен и персоналот на Програмата за економско зајакнување на жените и рурален развој на Светската банка. Членот на програмата, Шариф Актар кој беше придружуван од неговиот персонал, не можеше да објасни како и дали програмата може да се продолжи.

 

Извор: novosti.rs