Крадел графички картички за да „копа“ биткоини: Приведено лице од скопско – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/21 12:19 PM

Крадел графички картички за да „копа“ биткоини: Приведено лице од скопско

Полициски службеници од ЕВР Карпош, ЕВР Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 19:30 часот го лишиле од слобода триесе и деветгодишниот Е. А. од село Љубин, скопско, поради кражба на графички картички и електрична енергија.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ‘битмаин’ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба” извршена на 14.03.2021 на ул.„Петар Драганов”, а биле користени за копање биткоини. При претесот, исто така, било утврдено дека Е.А. врши и кражба на електрична енергија – соопштија денеска од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирањена случајот против него ќе бидат поднесени пријави по член 236 за „тешка кражба” и член 235 за „кражба на електрична енергија” од Кривичниот законик.