Фудбалската ѕвезда на англискиот првак Манчестер сити, Натан Аке (26) се прости од неговиот татко, кој како што напиша на социјалните мрежи, починал во средата само неколку минути откако тој го постигна својот прв гол во кариерата во Лигата на шампиони.
-Минатите неколку недели беа најтешките во мојот живот, татко ми беше многу болен и не беше можно повеќе да се лекува. Среќен сум што имам голема поддршка од мојата свршеничка, семејство и пријатели. Вчера по тешкото време го постигнав мојот прв гол во Лигата на шампионите, а само неколку минути подоцна татко ми почина мирно, во присуство на мојата мајка и мојот брат. Можеби така требало да биде, секогаш беше горд и среќен кога ме гледаше како играм. Знам дека си секогаш со мене, секогаш ќе бидеш во моето срце и ова беше за тебе тато, објави Аке на социјалните мрежи.
Холандскиот напаѓач кариерата ја почна во Челзи, а во редовите на Манчестер сити дојде на почетокот на оваа сезона од Бурнмут.