Вчера, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Л.(38) од охридското село Лескоец, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени седум стебла Канабис засадени во саксии.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.