Пандемијата за вакцинираните пројде, но сега имаме пандемија на невакцинирани – истакна австрискиот канцелар, Себастијан Курц. Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормално, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и FFP2 маски за ресторани, продавници и јавен превоз – изјави Курц за дневникот “Kronen cajtung”.
Тој посочи дека многумина се вакцинирани и дека е мора да „занимаваат3 со мерките, но сепак и понатаму има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, па мора да знаат дека во некој момент ќе се заразат со корона.
„Токму поради невакцинираните и понатаму ни се поотребни минимум мерки. Подраго ми е да имаме се’ отворено за 70 проценти од населението, отколку се’ да затвориме“, објасни Курц.
Тој ја искритикува Партијата за слобода на Австријапоради ширење страв и водење кампања против вакцинацијата.
„Не сум среќен поради тоа, бидејќи во најлош случај се работи за живот и смрт. Би сакал посериозен пристап од таа партија“, додаде Курц.
Извор: blic.rs