Бугарскиот претседател Румен Радев ја објави втората техничка влада, која повотрно ќе ја води Стефан Јанев. Оваа влада останува до новите избори закажани заедно со претседателските на 14 ноември 2021 година. Тоа ќе биде трет обид да се избере редовна влада.
Во привремениот мнистерски состав има две промени, додека за привремен министер за надворешни работи повторно е именуван Светлан Стоев. Претседателот Радев во неколку изјави се огради до можноста за разговори со македонскиот државен врв за наметнатото вето, со образложение дека тоа не во мандатот на привремената влада.
При преземањето на должноста, премиерот Јанев рече дека пред новата бугарска влада се две задачи – организирање на фер и демократски избори, трети оваа година и второ како што рече, решавањето на натрупаните проблеми на граѓаните.
-Зборот што ме мотивира е одговорност, рече Јанев.
Актуелниот претседател Радев ќе се кандидира за реизбор на претседателските избори, кои ќе се одржат истиот ден со парламентарните избори.
Привремениот кабинет на Стефан Јанев се здоби со популарност откако откри дека претходната влада на Бојко Борисов потрошила милијарди лева од даноците на граѓаните за контроверзни инфраструктурни проекти. Двајцата најпопуларни членови на владата, министерот за економија Кирил Петков и министерот за финансии Асен Василев, нема да бидат во новиот кабинет бидејќи се очекува наскоро да формираат своја политичка партија.