Што се може да направите за да го спречите чешањето од комарци ?! – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/18 6:30 PM

Што се може да направите за да го спречите чешањето од комарци ?!

Комарецот по убодот во нашето тело остава слуз која предизвикува здодевно чешање. За да веднаш го спречите тоа непријатно чувство, на убодот може да ставите било кој од овие седум ефтини помагала кои сигурно ги имате дома.

МЕДИЦИНСКИ АЛКОХОЛ
Алкохолот, како и производите со висок процент на алкохол,  средставта за дезинфекција на раце, делуваат антисептично, што значи дека убодот од комарец нема да се инфицира.

ОЦЕТ
Киселината ќе го запре чешањето. Едноставно, ставате малку оцет на памукче и натапкајте го убодот.

ПАСТА ЗА ЗАБИ
Ментолот во пастата за заби на кожата ќе создаде чувство на ладење кое мозокот брзо го регистрира од местото на убодот. Паста исто така може да го намали отокот.

КОРА ОД БАНАНА
Убодот нежно поминете го со кора од банана. Шеќерот од кората ќе ја смири кожата и ќе ја упие течноста од убодот.

СОК ОД ЛИМОН
Благодарејќи на антибактериското и антимикробно својство, мала количина свежо исцеден сок од лимон ќе го намали чешањето и ќе спречи инфекција. Оваа метода користете ја само ако не сте директно изложени на сонце, затоа што во спротивно на местото на убодот може да се појави меур.

МРАЗ
Како и кај изгореница, мразот го намалува отокот и го умртвува местото на убодот од комарец што ќе ви овозможи привремена леснотија.

СОДА БИКАРБОНА
Алкалното својство на сода бикарбоната  ја неутрализира киселоста на кожата, па така го намалува интензитетот на чешање. Лажичка сода растопете во една чаша со вода. Натопете една крпа во растворот и со него покријте го убодот и кратко задржете го на местото каде комарецот се нагостил.