Можно е да се зголеми потребата од хоспитализации, вирусот има широка инфекција – информира Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/21 1:26 PM

Можно е да се зголеми потребата од хоспитализации, вирусот има широка инфекција – информира Филипче

Болничките капацитети, состојбата на болните и актуелната епидемиолошка состојба биле темите на кои утрово министерот, Венко Филипче разговарал со директорите на клиниките. Тој за ова информираше преку социјалните мрежи констатирајќи дека во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти.

Престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира – додава Филипче во објавата на Фејсбук.

Според него, дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент.

Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме – истакнува Филипче.