Четворица крим техничари од Германија ќе се вклучат во истрагата за пожарот во болницата во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/21 9:55 AM

Четворица крим техничари од Германија ќе се вклучат во истрагата за пожарот во болницата во Тетово

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски информираше дека веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.

– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски.