Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде гостин на свадбата на министерката за надворешни работи Каран Кнајсел во Австрија. Во земјата превземени се вонредни безбедносни мерки по повод свадбата и доаѓањето на Путин на свадбата на шефицата на дипломатијата.
Свадбената церемонија на министерката Кнајсел со бизнисменот Волфганг Мајлингер е закажана во ресторанот „Чепе“ во местото Сулктал, на познатат винска тераса во австриската покраина Штаерска.
По свадбената веселба, Путин заминува во Берлин каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел, а како главни теми на разговор ќе бидат состојбата во Сирија, во Украина, како и енергетските теми.