„Спонзориран текст“
Макпрогрес, компанија која ги следи светските иновативни начини за донаторство оваа година реализираше хуманитарна кампања за обезбедување на средства за поддршка на работата на СОС Детско село и преку оваа активност, уште еднаш ја потврди општествено одговорната практика на организацијата.
Во оваа иновативна хуманитарна кампања, компанијата донираше 5 денари од секој купен производ КЕЈК од Винчини и на тој начин овозможија и потрошувачите да се вклучат во кампањата и да бидат дел од оваа акција; повеќе продадени производи – поголема поддршка за децата без родителска грижа и во ризик да го изгубат семејството.
Кампањата која траеше 6 месеци и ги обедини потрошувачите на Макпрогрес денес гордо сведочи за обезбедени 305.670,00 денари кои свечено ги предаде Г-ѓа Костадинка Цветанова – сосопственик и коосновач на Макпрогрес доо Виница на г-ѓа Јулијана Накова Гапо национален директор на СОС Детско село.
“По повод 30 години јубилеј на Макпрогрес Виница и 20 години јубилејот на СОС Детско село, Макпрогрес се одлучи оваа година да ја зајакне својата поддршка преку хуманитарна кампања РАСТЕМЕ ЗАЕДНО ЗА ДЕТСТВО СО НАСМЕВКИ преку која се обезбедија финанасиски средства за поддршка на СОС Детско село. Традиционално Макпрогрес продолжува со хуманитарните активности и го повикува и останатите комапнии да го следнат нашиот пример”
изјави Г-ѓа Костадинка Цветанова – сосопственик и коосновач на Макпрогрес доо Виница.
“Особено сме горди и благодарни што имаме стратешки партнер како Макпрогрес коj низ годините несебично ја помага нашата работа. Се заблагодаруваме и на сите индивидуалци кој ја поддржаа кампањата преку купување на производите на Макпрогрес. Индивидуалната одговорност на секој од нас е многу важна за општеството. Тоа е можност секој поединец да споделува вредности со хумана мисија и да овозможува остварување на нивните цели. А наша цел е Топол дом и грижа за секое дете.” Изјави националната директорка на СОС Детско Село Јулијана Накова Гапо.