Девојка бара отштета од болница во вредност од 3 милиони евра – Тврди дека како бебе е заменета – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/21 6:01 PM

Девојка бара отштета од болница во вредност од 3 милиони евра – Тврди дека како бебе е заменета

Болница во Шпанија се извини за „човечка грешка“ поради откритието дека две девојчиња биле заменети при раѓање пред речиси две децении.

За грешката дознале откако една од девојчињата, која сега има 19 години, направила ДНК тест, кој покажал дека родителите што ја воспитувале не биле нејзини биолошки родители. Таа ги тужеше лекарите и бара надомест од 3 милиони евра, пишуваат шпанските медиуми.

Властите во Ла Риоха тврдат дека нема корупција во нивните болници, но дека за овој случај е виновна човечката грешка.

„Тоа беше човечка грешка и не можевме да откриеме кој е виновникот“, рече шефот за здравство Сара Алба на прес -конференција во вторникот.

Таа, исто така, изјави дека „тие не се свесни за некој друг сличен случај на замена на бебе во нивната историја“ и инсистираше на тоа дека такво нешто не може да се случи денес.

Девојчето, кое го крие својот идентитет од новинарите, е родено во 2002 година во болницата „Сан Милан де Логроно“ во северниот шпански регион Ла Риоха.

Адвокатот Хозе Саез Морга за ТВР рече: „Негрижата е толку груба што зборува сама за себе“.

Преземено од: https://www.index.hr/