Анастасија беше една од најпопуларните пејачки на почетокот на милениумот, но животот и донесе многу предизвици кои успешно ги надмина. Денес е уште посилнa и поубава од порано.
Пејачката Анастасија се претстави пред публиката уште на почетокот на новиот милениум, а веќе во 2001 година беше прогласена за најпродавана нова музичарка во светот.
Нејзините хитови како „Left Outside Alone“ и „One Day in You Life“, кои не излегоа од музичките листи, се уште се добро запаметени, како и неверојатните стомачни мускули на Анастасија, кои, заедно со шарените очила, беа нејзин заштитен знак.
И иако розите цветаа во нејзината кариера од самиот почеток, нејзиниот приватен живот воопшто не ја милуваше и мораше да се справи со голем број здравствени проблеми.
Кога имала само 13 години, и била дијагностицирана Кронова болест, а на 34 години дознала дека има рак на дојка. Откако успешно го победи ракот, на 39 -годишна возраст, се соочи со суправентрикуларна тахикардија што ја наруши работата на срцето и го загрози нејзиниот живот. И кога мислеше дека конечно успеа да го реши своето здравје, во 2013 година пристигна уште една лоша вест – ракот на дојката се врати. Овој пат поинвазивно и поопасно.
Поради тешка хемотерапија и долгорочен третман, пејачката мораше привремено да ја напушти сцената, а во слободно време започна да работи хуманитарно и да промовира свест за превенција од рак на дојка.
Денес, Анастасија повторно е здрава, но тешките здравствени проблеми ги оставија последиците, па мора да внимава што јаде и пие и постојано да оди на лекарски прегледи.
View this post on Instagram
Пејачката, која денес има 52 години, излезе од се уште посилна и поубава од порано, што го покажа на Филмскиот фестивал во Венеција, каде ги изненади сите, но и запрепасти со својот изглед.
Одеше на црвениот тепих во гламурозен фустан со проѕирни и раскошни детали, а се надополни со впечатлив ѓердан и блескаше со самодоверба и позитивна енергија.
Со сите проблеми со кои се соочи, Анастасија немаше време за скандали, па нејзиниот живот ретко минуваше низ жолтиот печат. Зад неа е еден неуспешен брак со нејзиниот поранешен телохранител Вејн Њутн, кој траеше од 2007 до 2010 година, а нејзиниот моментален љубовен статус не е познат.
Извор: Дневник.хр