Тажно е да замине на ваков начин- Холивудскиот заводник Џек Николсон боледува од деменција – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/21 2:13 PM

Тажно е да замине на ваков начин- Холивудскиот заводник Џек Николсон боледува од деменција

Познатиот холивудски актер  Џек Николсон, кој има 84 години, веќе една година не се гледа во јавноста, а сега е откриено дека филмската легенда боледува од деменција, пренесуваат странските медиуми.

Како што е наведено, иако се уште ништо не е потврдено, Николсон ги поминува „тажните, последните денови“ во вила во Беверли Хилс и е физички добро, но не и психички.
“Џек и јас сме пријатели со години и тој воопшто не ја напушта својата куќа. Синот и ќерката се грижат за него”, рекол пријателот на актерот за Radar Online.

“Физички е добро, но не е најдобро психички. Навистина е тажно да се види како актер како Џек си заминува на овој начин”, додаде тој.

Познатиот актер, инаку трикратен оскаровец, има пет наследници, но друштвото обично му прават неговата ќерка Лорејн и синот Реј.

Тој ја одигра својата последна улога пред да се повлече од јавноста во филмот „Како што знаете“, во 2010 година.

Извор и фото: mondo.rs