Да не се шпекулира со бројот на жртвите, додека не се добијат официјални информации, кои во моменетот се во изгорената модуларна болница во Тетово, каде вечерва околу 21 часот изби голем пожар. Ова е апелот од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која беше единствената што зборуваше со новинарите по заседвањето на Кризниот штаб. Како што рече Арифи, изјави нема да има, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. Премиерот Зоран Заев и дел од државниот врв веќе го напуштиле Тетово.
Како што веќе објави министерот за здравство, Венко Филипче, потврдени се 10 жртви.