(Видео) Како изгледаше дефилето на здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци… – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/21 8:58 PM

(Видео) Како изгледаше дефилето на здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци…

Со свечено дефиле на здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, национални ансамбли и културно-уметнички друштва почна прославата на 30 години независност на Македонија, кое се одржа пред Парламентот.

Преставници од Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ беа првите кои го почнаа дефилето низ кое поминаа стотици претставници од се она што значи за државата.

По дефилето со интонирање на државната химна, стартуваше официјалниот дел од церемонијата, на која  Филхармонија ја изведе Бетовеновата „Ода на радоста“, а ја затвори  Влатко Стефановски со изведбата на  „Абер дојде Донке“.

По говорите на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на парламентот Талат Џафери, која имаше видео обраќање и на Влада, Зоран Заев,  се случи најавуваниот огноет, а за крај во музичкиот дел настапија Вера- „Љубојна„, Мики Јовановски Џафер, Тамара Тодевска….

Еве како изгледаше дефилето: