Жител на Подмочани вработен како раководител крадел пари од сефот во благајната – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/21 3:46 PM

Жител на Подмочани вработен како раководител крадел пари од сефот во благајната

Одделението за внатрешни работи Ресен, до Основното јавно обвинителство Ресен, поднесе кривична пријава против Б.Ш (49)од с.Подмочани, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” по член 235 и „проневера во службата” по член 354 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Пријавениот, како раководител на Одделението за финансии и сметководство во Јавно комунално претпријатие „Пролетер” во Ресен, во август 2021 година во неколку наврати со клуч го отворал сефот кој бил во просторијата на благајната и оттаму одзел пари.