Заев ги повика новинарите да го истражат случајот со Кичеец – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/21 11:49 AM

Заев ги повика новинарите да го истражат случајот со Кичеец

На средбата со новинарите денес  премиерот Зоран Заев повторно беше запрашан за случајот со Зоран Милески – Кичеец и за тоа како се нашол еден месец на одмор, а треба да е во затвор во Струга, бидејќи според лекарите за неговата дијагноза СВТ, односно за тахикардија се дава еден до седум дена и не е болест опасно по живот.

-Го коментирав тоа што е право по закон и ако има пропусти треба да се отворат постапките. Не ги знам деталите. Знам дека има медицинска документација, законот е јасен и веднаш може да се обелодени ако има проуст. Но, знам дека сите наши граѓани кои се на издржување на казна по одреден период имаат право на викенд, одмор и секако на здравствено лекување. Ве поканувам да ги истражите, да ги доистражите работите и да ги добиете сите одговори. Никој немал намера да прави протекции и да даде повеќе од тоа што е вообичаено. Прв пат се информирав со објавување во јавност дека имал прекин и на крајот се доинформирав од директорот на Управата за санкции. Ве повикувам да доистражите, рече Заев на новинарите.