Во анализата што ја објавува „Пари“ базиранa на официјални извештаи и документи, пишува дека најголем вкупен приход лани остварил Меѓународниот балкански универзитет. Тој е основан во 2006 година од Фондацијата за образование и култура „ÜSKÜP“. Универзитетот лани имал приходи од околу 3.000.000 евра и тие биле 55% поголеми отколку приходите во 2019 година. Сепак, оваа високообразовна иснтитуција не може да се пофали со високи добивки, односно во 2019 година имала загуба од дури 250.000 евра, а лани била во добивка од 116.000 евра.
Втор по остварен приход е Универзитетот Американ колеџ, основан во 2005 година. Сопственик на универзитетот е компанијата „Акс менаџмент“. Универзитетот се декларира како високообразовна институција која ги комбинира најдобрите образовни методи и практики од американскиот и европскиот образовен систем. Американ колеџ лани остварил вкупен приход од 1,7 милиони евра, а неговата добивка изнесувала околу 280.000 евра и била за 6,2 проценти помала отколку во 2019 година.
ФОН, кој се смета за еден од првите приватни универзитети, минатата година се преименува во Американски универзитет на Европа – ФОН (АЕУ-ФОН). Минатата година, Универзитетот имаше огромен пад на добивката од дури 72,6 проценти. Вкупните приходи на Универзитетот, сопственост на бизнисменот Фиат Цаноски, беа речиси1,7 милиони евра и беа за 27 проценти пониски отколку во 2019 година. Ланската добивка на АЕУ-ФОН беше 180.000 евра, додека во 2019 година изнесувала дури 650.000 евра.
На официјалната страница на Министерствтото за образование има 12 акредитирани приватни универзитети: Европски универзитет – Скопје, АЕУ-ФОН – Скопје, Универзитет Њујорк – Скопје, Американ колеџ – Скопје, МИТ – Скопје, Меѓународен славјански универзитет – Свети Николе, ЕСРА – Скопје, Универзитет за туризам и менаџмент- Скопје, Меѓународен универзитет – Струга, Меѓународен балканки универзитет – Скопје и Меѓународен универзитет Визион – Гостивар.
Анализа на „Пари“