Двајца училишни директори од Велес заболеле од Ковид – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/21 3:24 PM

Двајца училишни директори од Велес заболеле од Ковид

Еден директор на основно училиште и еден од средно во Велес, се позитивни на Ковид- 19, додека има и тројца заболени основци и шест средношколци. Два класа од гимназијата се пратени во изолација. Во изолација се и осум основци. Со потврден Ковид се и еден наставник и по еден педагог, псиголог и хигиеничар во велешките основни училишта.

Ова, како што денеска оцени градоначалникот на Општината Велес, Аце Коцевски значајно не влијае врз одвивањето на наставата со физичко присуство.