Ученици од четврто одделение во Тетовско ја бојкотираат наставата оти не добиле учебници – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/21 9:02 AM

Ученици од четврто одделение во Тетовско ја бојкотираат наставата оти не добиле учебници

Денеска дел од родителите на ученици во четврто одделение во тетовскиот регион не ги пуштија децата на настава и го одржаа најавениот предупредувачки бојкот на наставата. Така направија родителите на учениците во основното училиште „7-ми Март” во Милетино, Општина Брвеница.

Тие се револтирани што годинава четвртоодделенците не добија учебници и согласно новата концепција треба да учат од дигитални примероци преку електронски уреди.

-Никој не е против дигитализацијата во наставата, но бараме тоа да биде помошно средство. За објаснување. Книгата да биде главно средство за наставата. Учебник е учебник. Образованието е бесплатно за сите, а ваму сме принудени да печатиме учебници. Немаат сите можности ниту да печатат учебници ниту да купуваат таблети или други уреди за следење на наставата, изјави Ненад Ѓорѓески, родител и член на училишниот одбор во ОУ „7-ми Март” во Милетино.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” го најави денешниот предупредувачки бојкот на наставата.

 

МИА