Во сообраќајната несреќа која се случи вчера на патот Гостивар – Кичево во близина на Ново село, загина Евзал Селими, 30-годишен Гостиварец.
„Флака“ објави дека Селими бил млад претприемач во Гостивар, посветен на својот занает и на луѓето, соседите и семејството.
Гостиварчани го знаеле по тоа што бил еден од најголемите навивачи на Јувентус. Живеел во населбата Бањешница во Гостивар и бил сосед со првиот човек на ДУИ во градот и заменик-министер за одбрана, Башким Хасани.
Денеска на социјалните мрежи Хасани сподели емотивен статус за својот пријател и сосед со кого делеле исто маало со години.
“Бог го одреди и го направи она што сакаше. Ние се дружиме додека живееме, па ќе се сеќаваме, насмеани и полни со светлина. Нека почива во мир твојата бела душа“, пишува Хасани.
Евзал Селими исто така бил активист на ДУИ и учествувал во изборниот штаб за локалните избори. Тој живеел во своето семејство во Гостивар, додека неговите родители живеат во Австрија. Евзал зад себе остави две мали дечиња и сопруга.
Извор: Flaka
Фото: Flaka