Најстариот мотоциклист на Релито „Независност-2021“ има 80 години, најмладиот 18 –  Денес ја возат последната етапа од Охрид до Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/21 4:40 PM

Најстариот мотоциклист на Релито „Независност-2021“ има 80 години, најмладиот 18 –  Денес ја возат последната етапа од Охрид до Скопје

Близу 400 мотоциклисти од земјава и странство, денеска ја возат третата и последна етапа од Релито независност-2021. На денешната етапа, учесниците стартуваа од Охрид, попатно се одморија во Кичево и преку превојот Стража се вратат во главниот град.

-Во изминативе три дена го одржуваме триесеттото јубилејно мото Рели независност-2021, кое се состои од три етапи – првата од Скопје до Дојран, втората од Дојран до Охрид и денес ја возиме завршната трета етапа од Охрид до Скопје. На јубилејното триесето рели учествуваа близу 400 мотоциклисти од кои четириесетина од странство. И годинава, релито го разубавија повеќе учеснички на понежниот пол, истакна Зоран Трајковски, претседател на Македонската Мото федерација.

Признанија им се доделени на најстариот и најмладиот учесник на релито. Најстариот учесник е Ѓорѓи Кузманоски, кој има 80 години и по 26-ти пат е дел од релито, а најмладиот учесник има 18 години и по потекло е од Македонија, а живее во Швајцарија каде вози за тамошниот клуб „Македонија”.

МИА

фото: Снежана Иванова