Сонцето и непрегледните колоритни овчеполски пејсажи се првата слика на која наишле петнаесетте уметници од земјата и регионот, кои творат на овогодинешната возобновена Ѓуришка ликовна колонија. Отворањето на колонијата истовремено беше и потсетување низ ретроспективна изложба на вредните дела што настанале во изминатите дваесет години колку што постои колонијата. Даце Петров, сега пензионер, кој ја основал колонијата како раководител на секторот за ликовна дејност во Домот на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе, на отворање даде аманет до градските власти и сите вљубеници во уметноста.
-Погледнете ги овие капитални дела. Треба да се најдат, да се гледаат. Тоа е документ на една општина за долго време, затоа што се слика поднебјето на општина Свети Николе. Да не се прекинува оваа традиција, туку да се збогатува, да се проширува. Во тоа да помогнат сите, а можат сите по малку да дадат придонес, кажа Петров на отворањето.
Градоначалникот Сашо Велковски, кој е особено горд што колонијата ја возобновуваат по три години пауза, рече дека ќе стори се’ ликовните дела да излезат од депото на институцијата.
-Оваа ретроспектива покажува дека Свети Николе имало и ќе има уметници што ќе творат за нашиот град и за нашиот амбиент. А, јас ветувам дека овие дела нема да останат