На состанок кој е во тек, раководството на политичката партија Демократска унија за интеграција ги разгледува предлозите за кандидатите за градоначалници и листите за општинските совети за престојните локални избори. Во присуство на речиси сите државни функционери, се дискутираат и внатре партиските состојби.
Состанокот на Генералниот совет на партијата, што се одржува во ресторанот Албис во Гостивар, го води претседателот Али Ахмети. Според најавите, раководството треба да ги официјализира сите предлози кои ограноците ги доставија деновиве.
Според партиски извори, кандидат за градоначалник за Гостивар денес треба да биде промовиран Невзат Бејта. Со тоа се очекува да се повтори битката од Локалните избори 2017 година, кога победи кандидатот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
По состанокот најавена е прес конференција на која ќе се обрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
МИА