На претпладневната прес конференција пред утрешниот почеток на Пописот, директорот на Државнот завод за статистика, Апостол Симовски, во одоговор на новинарско прашање рече дека две третини од попишувачите се вакцинирани. Тоа е бројката во време на пријавувањето, но во меѓувреме може и да има промена.
-Деновиве точно ќе се знае кога ќе се приберат сите информации, рече Симовски.
Што се однесува до практичното спроведување на Пописот и доаѓањето на попишувачите во секој дом, Симовски објасни дека тие не можат секаде може да се најават.
-Но, ако се случи никој да нема дома, ќе дојдат по втор пат, по трет пат и десетти пат… но со доаѓањето оставаат порака кога ќе дојдат и оставаат телефон кога да го организираат попишувањето – нема можност да биде изоставен и никој не треба да чека 26 дена и да седи дома и да чека да дојде попишувачот, рече Симовски.
Има изработено и посебен протокол за попишување на заболени од КОвид и луѓе во излоација.
-Министерството за здравство на дневна основа ќе доставува списоци на луѓе за изолација, но ако нема такви услови, има посебни протоколи да се постапува во домаќинства каде има заболено лице или во изолација, одговори Симовски.
На заедничката прес конференција на Симовски, неговиот заменик, заменикот министер за внатрешни работи и министерот за правда, беше порачно дека се вложени огромни напори да се организира пописот и оти сега останува на граѓаните заеднички да помогнат да се реализира оваа статистичка операција.