Лошата циркулација е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе ширум светот. Иако, на прв поглед оваа состојба не ја сфаќаме како нешто сериозно, таа е предуслов за целокупното наше здравје. Всушност и здравјето на срцето зависи од добрата циркулација. Кога таа е нарушена, се појавуваат отоци и проширени вени, згрутчување на крвта и други сериозни здравствени проблеми. За среќа, природата ни дава многу решенија за овој проблем. Па така, има многу чаеви кои ја подобруваат циркулацијата на крвта, а ние денес за вас ги издвоивме чаевите од рузмарин и ѓумбир.
Рузмаринот го стимулира протокот на крвта благодарение на антиоксидантите кои ги содржи, па од него може да си подготвите чај кој ја подобрува циркулацијата. Ѓумбирот, исто така, е одличен избор доколку страдате од лоша циркулација, бидејќи и тој го подобрува протокот на крвта и го спречува нејзиното згрутчување. Покрај тоа, чајот од ѓумбир е еден од најлесните чаеви за подготовка. Па, во продолжение погледнете како може да ги направите овие лековити чаеви и да си ги олесните тегобите поврзани со лоша циркулација.
Како да направите лековит чај од рузмарин кој ја подобрува циркулацијата?
Состојки:
- 1 лажичка сув рузмарин
- 1 чаша вода
Подготовка:
- Во еден сад се става 1 лажичка сув рузмарин и една чаша вода.
- Чајот се вари околу 5 минути, а потоа се остава да отстои уште дополнителни 10 минути.
- На крај, вака подготвениот чај се цеди од рузмаринот и се пие.
Напомена: Овој чај не им се препорачува на следните категории на лица:
- трудници, бидејќи рузмаринот може да предизвика спонтан абортус
- жени кои страдаат од ендометриоза, бидејќи може да се влоши состојбата на болеста
- лица кои се заболени од цревни заболувања како Кронова болест, гастроентеритис и синдром на нервозни црева
- мажи кои страдаат од воспаление на простата
- лица кои имаат проблем со констипација, бидејќи рузмаринот може да ја влоши оваа состојба
- лица кои страдаат од несоница.
Како да направите лековит чај од ѓумбир за подобрување на циркулацијата?
Состојки:
- 2 парчиња ѓумбир со дебелина на прст
- 1 чаша вода
Подготовка:
- Ѓумбирот темелно се мие, се лупи и се сечка на парчиња.
- Потоа со 1 чаша вода се вари околу 5 минути и се остава да отстои дополнителни 15 минути во врелата вода.
- На крај, чајот се процедува од парчињата ѓумбир и се пие.
- За подобрување на циркулацијата на главата се препорачува да се пие од 1-2 чаши чај на ден.
Напомена: Овој чај не им се препорачува на следните категории на лица:
- лица кои страдаат од стомачни заболувања како гастритис, чир и Кронова болест
- лица кои имаат хипертензија
- лица со камен во жолчка
- пациенти кои земаат лекови за разредување на крвта, поради проблеми со циркулацијата и дијабетес
- трудници и жени кои дојат би требало да се посоветуваат со својот доктор пред да почнат да консумираат ѓумбир.
Совет плус: Доколку имате потреба и сакате да пробате домашно да си помогнете со овие чаеви, иако се на природна база, советуваме да се консултирате со вашиот лекар!