Илјадници вработени во јавното здравство во Грција, кои не примиле вакцина против Ковид – 19 во рамки на владината рамка за вакцинација, од вчера се суспендирани и не одат на работа.
Според првите податоци, заклучно со вчерашното попладне, биле издадени 5.895 суспензии за невакцинирани вработени во болниците. Оваа бројка е без вработените во здравствените центри и Итните медицински служби.
Првичните проценки од Министерството за здравство покажуваат дека околу 10.000 вработени во јавните болници, здравствени центри и други агенции на Министерството за здравство ќе бидат суспендирани од платен работен однос се’ додека се невакцинирани.
Меѓутоа, надлежните служби синоќа очекуваа точна бројка, по вкрстената проверка на податоците, со оглед дека многумина и вчера побрзаа да се вакцинираат. Индикативен е случајот со Народната болница , каде што од 1.450 вработени, 110 биле невакцинирани до завчера, од кои најмалку 20 биле вакцинирани вчера. Како што изјавиле за „Катимирини“ високи функционери на Министерството за здравство, денот вчера поминал без проблеми и застои во работењето на клиничките одделенија на болниците.
Во меѓувреме синдикатите организираа протестни собири на персоналот во многу болници низ земјата, додека Министерството за здравство предупреди дека медрката е задолжителна и треба да се спроведе. Од Министерството упатија апел до невакцинараните да се вакцинираат.Синдидатот ПОЕДИН и за денеска закажа прекини на работата во повеќе здравствени установи низ цела Грција. Од таму велат дека работата трпи од суспензијата на здравствените работници.
Претседателот на синдикатот Михалис Јанакос, како пример ја истакнува болницата во Митилена, која со суспензијата останува неврохирург и лекар, потоа болницата во Кефалонија без лекар, додека во болницата – здравствениот дом на Наксос 50% од микробиолошкиот персонал не е на работа поради мерката. Според него, во последниве денови многу болнички работници побрзаа да се вакцинираат, додека исто така многумина планираат за наредните денови. Сепак, тоа ќе значи да бидат надвор од најмалку 15-20 дена.
Во меѓувреме, се зголемуваат голем број судски одлуки со кои се отфрлаат барањата за укинување на мерката за задолжителната вакцинација. Со цел да се надомести суспендираниот персонал, вчера попладне беше активирана платформата за поднесување апликации за вработување помошен персонал, освен лекари.
Катимирини