Претерала со ботокс – Обожавателите едвај ја препознаа актерката од „Сексот и градот“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/21 10:25 PM

Претерала со ботокс – Обожавателите едвај ја препознаа актерката од „Сексот и градот“

На лицето на актерката Кристин Дејвис не се видливи брчки, а обожавателите веруваат дека таа го прекинала природното стареење со бројни естетски процедури, најмногу ботокс.

Актерката Кристин Дејвис (56), која повторно ќе ја игра вечната романтичарка Шарлот во продолжението на серијата „Сексот и градот“, судејќи според најновите фотографии од сетот, малку претерала со ботоксот.

Фотографијата на која Кристин седи до актерката Никол Паркер (50), која дојде како замена за Саманта, откако Ким Катрал (65) одлучи да не учествува во продолжението, ги загрижи фановите на серијата.

На лицето на Кристин не се гледаат брчки, а фановите веруваат дека таа била подложена на бројни естетски зафати.

Пред да стане позната по улогата во „Сексот и градот“, Кристин со години се обидуваше да се вклопи во холивудското општество, пиејќи премногу алкохол.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа