Ако мислевте дека само децата имаат навика да голтаат необични работи, овој случај со телефон пронајден во стомакот на маж (33) од Приштина ќе ве зачуди.
Сцената слична како на филм се случила на Клиниката за гастроентерологија во Приштина. Лекарите не можеле да поверуваат на сликата прикажана со ултразвук – мобилен телефон во стомакот на млад човек! Како што е наведено, младиот човек дошол во болница 4 дена откако го голтнал уредот.
Докторот Скендер Теjаку го предводел медицинскиот тим во текот на постапката, велејќи дека тие прво ги отстраниле маските од телефонот од стомакот, а потоа и батеријата, која се смета за најопасен дел.
– Лицето кое проголта туѓо тело мораше итно да подлежи на гастроскопија. Кога влеговме во стомакот, видовме дека телефонот е поделен на три дела. Едниот дел беше пластичен преден и заден капак, плус батерија внатре. Влеговме со опремата што ја имаме. На крајот, ја извадивме батеријата, која е најопасна од сите овие делови бидејќи тој дел беше озрачен и може да експлодира во цревата, ослободувајќи хемикалии – рече докторот.
Тој сподели слики од овој неверојатен случај што го обиколи регионот на Фејсбук.
Како што рече, постапката за отстранување на телефонот траела два часа, а стомакот на пациентот не бил пресечен.
Лекарите не кажале зошто младиот човек се одлучил на таков шокантен потег, но навеле дека пациентот сега е во добра здравствена состојба.
Извор: Информер.рс