Злоупотреба на деца поради политичко дејствување!
Секоја пригода кога политичар ќе се сретне со дете и ќе биде јавно…Posted by First Children’s Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia on Wednesday, September 1, 2021
Додаваат дека најчесто се работи за обиди преку фотографии со деца да се прави сопстевна политичка промоција или промоција на сопствената политичка партија.
„Затоа, политичарите не треба да ги штипкаат децата, да се сликаат со нив и да им делат подароци пред камерите или да сечат ленти со децата, туку треба сериозно да работат на проблемите кои ги засегаат децата, да го изнесуваат своето мислење и гласно да поставуваат прашања што ја засегаат оваа ранлива група“, стои во објавата на Фејсбук.
Тие велат дека во континуитет политичарите се сликаа со деца или политичките партии подготвуваа видеа во кои децата се главни ликови, а најскорешен настан беше пречекот на децата од Авганистан. Од „Меѓаши“ велат дека наместо да се фотографира со нив подобро би било да каже каква грижа е обезбедена за децата.